Салата со црн грав

Оваа салата е одличен избор за вечера. Можете да ја јадете самостојно или како прилог со пилешко месо на скара.

bushbeans.com
bushbeans.com

Потребни состојки:

3 шолји сецкана краставица на коцки

100гр варена пченка

400гр црн грав во конзерва

2 црвени пиперки – бабури сецкани на коцки

½ шолја сецкани црни маслинки

¼ шолја сецкан црвен кромид на коцки

2 кафени лажички суво или свежо оригано

3 супени лажици маслиново масло

2 супени лажици сок од лимон

Црн бибер (по вкус)

mygardencandy.com
mygardencandy.com

Начин на подготовка:

Во посебен сад се мешаат маслото, лимоновиот сок, ориганото и биберот додека смесата не се соедини.

Во друг длабок сад се ставаат гравот, краставицата, пченката, маслинките и пиперките. Се промешува и се додава приговениот дресинг.

На здравје!

 

Е.С.

photo1/ cookinglight.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.