Влажни марамчиња – НЕ за вадење на шминка

Влажните марамчиња во последно време станаа неизоставен дел од козметичката торбичка, бидејќи се доста практични за вадење на шминката, но се поставува прашањето колку тие се навистина добри за кожата? И дали се подобар избор отколку лосионите и геловите за чистење на лицето?

Дерматолозите се согласуваат дека влажните марамчиња се добри за отстранување на шминката, но по нивната употреба лицето морате да го измиете со вода. Всушност, немиењето на кожата со вода по употребата на влажните марамчиња е тоа кое ги прави да тие не бидат добар избор.

.bustle.com
.bustle.com

Активните состојки кои се содржани во влажните марамчиња наменети за отстранување на шминката се оние истите кои се содржани во скоро сите лосиони и гелови за отстранување на шминка. Но, доколку не го измиете лицето со вода по нивната употреба, нечистотијата која секако останала на лицето може да ги затвори порите, со што може да дојде до воспаленија и други проблеми со кожата. Исто така, доколку не го исплакнете лицето, на него ќе останат остатоци од активните состојки кои се содржани во марамчињата. Ова дополнително може да ја исуши и иритира кожата. Некои марамчиња содржат и алкохол. тој предизвикува пецкање на кожата.

huffingtonpost.com
huffingtonpost.com

Секако дека постојат моменти кога не секогаш можеме да го измиеме лицето со вода како додека сме на кампување, патување, спортување и секако дека лицето смееме да го занемариме. Во вакви случаи може да се употребуваат само влажните марамчиња, но внимавајте ваквите случаи да бидат ретки.

 

Е.С.

 

photo1/ myilifestyle.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.