Леден гриз-пудинг со прелив од карамела

На сите љубители на гризот им предлагаме да си го подготват овој вкусен и ладен десерт. Лесен е за подготовка, а уште полесен за јадење.

themagicalslowcooker.com
themagicalslowcooker.com

Потребни состојки:

1л млеко

6 супени лажици гриз

2 супени лажици шеќер

4 белки

1 кесичка ванилин шеќер

Прелив од карамела

250мл млеко

6 супени лажици шеќер

4 жолчки

1 кесичка ванилин шеќер

goya.com
goya.com

Начин на подготовка:

Во длабоко тенџере на оган се размешува гризот со малку млеко, а откако селосно ќе се размеша се додава преостанатото млеко. Се вари 10 минути. Пред да зоврие се додава шеќерот и ванилиниот шеќер и се трга од оган.

Во друг сад, белките се матат во шлаг, кој постепено се додава во гризот.

Добиената смеса се сипува во калапи и се остава да се олади.

Смеса за карамела: во сад на оган се растопуваат 3 супени лажици шеќер. Шеќерот треба да стане кафеав и во течна состојба. Во садот полека се додава млекото и се остава да се вари. Во друг сад посебно се разматуваат жолчките со останатиот шеќер и ванилин шеќер и добиената смеса се става во садот со карамел. Се вари уште 2 минути и се трга од оган да се олади.

Сервирајте го гризот во посебни чинии прелиен со оладената карамела.

 

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ epicurious.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.