„Smoothie“ со банана, јаворов сируп и урми

 

Базата на ова smoothie е бананата, но на крајот вкусот завршува како солен карамелизиран милкшејк. Доколку сакате да експериментирате со вкусовите, ова е избор за Вас:

detoxinista.com
detoxinista.com

Потребни состојки:

2 шолји бадемово млеко

3 банани

4 урми

1 супена лажица путер од индиски ореви (или друг путер од јатки)

1 супена лажица јаворов сируп

Прстофат сол

twohealthykitchens.com
twohealthykitchens.com

Начин на подготовка:

Сите состојки се ставаат во блендер и се блендираат. Содржината сипете ја во 2 чаши и декорирајте со парче банана.

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ youtube.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.