Подобра замена за овој тип на храна

Ова се четирите производи за кои се смета дека се здрави, но токму нутриционистите го тврдат спротивното:

Дресинг за салати. Овие дресинзи содржат високопроцесирано масло, шеќер и вештачка боја. Затоа, Ве советуваме сами да си го подготвите од маслиново масло, оцет, билки и зачини. На овој начин ќе си го заштитите своето здравје и ќе заштедите пари.

Безглутенска храна. Секако дека доколку не сте толерантни на глутен не смеете да го консумирате. Но, доколку смеете да го консумирате глутенот, зошто да јадете индустриска или прашкаста храна?

Свежо цедени тетрапак сокови. При производството на соковите се губат влакната од овошјето кои се здрави за организмот, а за да може сокот подолго да стои на полиците во маркетите потребно е додавање на шеќер и конзерванси. Токму затоа, подобро е самите да си исцедите природен и свеж сок од овошје (и зеленчук) или пак, едноставно да го изедете овошјето.

Овошен јогурт. Овошните јогурти се богати со калциум и протеини, но, содржат и додаток на шеќер. Ви предлагаме да си подготвите сами овошен јогурт. Во обичниот јогурт (или набавете си грчки јогурт) додадете си ситно сецкано или мелено овошје. Доколку сакате овошниот јогурт да има поблаг вкус, додадете мед.

lypheapp.com
lypheapp.com

 

Е.С.

 

photo1/ yunglee12.blogspot.mk

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.