Грешки при фарбање коса во домашни услови

Честопати се случува да не процените добро колку боја Ви е потребно за фарбање на целата коса. Доколку сметате дека работата ќе ја завршите со една кутија, купете две кутии за секој случај.

Боењето на косата за две нијанси посветла или потемна во домашни услови, обично не ги дава посакуваните резултати. Истото се случува и со очекувањата да се добие иста боја како на сликата од кутијата. Ваквите очекувања обично се постигнуваат со третирање на косата од страна на стручно лице. Доколку сакате драстична промена на бојата, можеби ќе бидат потребни повеќе третмани.

Исто така, многу жени бојата на косата ја оставаат да делува подолго време од потребното, сметајќи дека ќе постигнат подобар резултат, но, напротив косата може само дополнително да се оштети.

Секогаш читајте го упатството за употреба доколку ја менувате нијансата од истиот произведувач или пак, целосно го менувате произведувачот. Некои фарби за коса треба да делуваат пократко време од други, или пак, некои фарби се нанесуваат на сува, а некои на влажна коса.

topinspired.com
topinspired.com

Внимавајте при изборот на полутрајна и трајна фарба. Полутрајната фарба за коса не може добро да ги покрие сите седи влакна. Таа обично можете да ја употребувате доколку имате многу малку седи влакна. Во спротивно треба да употребувате трајна фарба.

Многу често жените не знаат какви тонови најмногу им одговараат на тенот. Жените кои имаат светол тен и кои лесно поцрвенуваат на сонце, треба да нанесуваат ладни тонови, како беж или пепеласти, за визуелно да се прикрие црвенилото или бледиот тен. Жените кои имаат потемен тен, односно оние кои потешко црвенеат на сонце, треба да нанесуваат топли тонови, односно кремави или златести тонови. Од друга страна пак, постојат и жени кои се наоѓаат во средина и на нив им одговараат и ладни и топли тонови.

hirabeautytips.com
hirabeautytips.com

И секако, ако веќе сакате да се фарбате во домашни услови, сторете го тоа со нечија помош. Предниот дел од главата каде што можете да се видите со огледало веруваме дека ќе можете добро да го офарбате, но некој нека Ви помогне за задниот дел од главата. Во спротивно ќе завршите со шарени прамени.

 

Е.С.

 

photo1/ garnierusa.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.