Слатко од мента

Овој пат Ви претставуваме , можеби невообичаено слатко – слатко од мента.

foodandwine.com
foodandwine.com

Потребни состојки:

1л вода

60гр листови нане

1кг шеќер

1 кесичка желатин

Неколку капки прехранбена зелена боја

1

Начин на поготовка:

Листовите нане се мијат и се сецкаат. Се ставаат во тенџере со вода и се остава водата да зоврие. Откако ќе зоврие, се поклопува тенџерете со капак и се остава да отстои 15 минути. Потоа, водата се процедува низ газа.

Во истата вода, се додава прехранбената боја и желатинот. Повторно тенџерето се става на оган да зоврие. Кога ќе почне да врие, се додава шеќерот и се меша постојано 1-2 минути.

Доколку се појави пена, се отстранува. Слаткото, додека е сеуште топло се сипува во тегли, при што се остава 1см празен простор во теглата и се затвора.

Откако слаткото во теглата целосно ќе се олади може да се консумира.

 

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ ok.ru

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.