Три кујнски состојки за заштита на рацете

Пролетта се ближи, но сеуште имаме ладни денови. Поладното време овозможува сушење на дланките. Тоа ги прави груби и рапави да допир. Овие три состојки кои ги имате во вашата кујна можат да ви помогнат :

Маслиново масло – антиоксидансите и масните киселини кои ги има во маслиновото масло ја омекнуваат кожата и ја прават хидратантна. Измешајте еднаква количина масло и шеќер. Масирајте ги рацете со кружни движења околу 5 мин. Измијте ги рацете. Постапката повторете ја уште еднаш во текот на денот.

Кокосово масло – освен што помага во хидратацијата на кожата, ги намалува шансите за евентуални опекотини. Од 3 до 4 лажици масло употребете за да ги премачкате рацете и да ги оставите преку целата ноќ. Ставете ги рацете во ракавици. Наредниот ден измијте ги рацете. Овој третман можете да го правите секоја вечер.

ОВЕС

 

Овесна каша – помага при природна ексфолијација на кожата, а протеините го спречуваат нејзиното исушување. Измешајте 2 лажици овесна каша, 1 лажица мед и малку вода. Мешајте додека не стане густа паста. Со кружни движења втријте ја во кожата на раката и оставете да се исуши 10 мин., а потоа исплакнете. Повторете ја постапката уште еднаш во текот на една недела.

 

 

 

 

 

Подготвено од: Е.С.