„Smoothie“ со домат, морков и јаболко
Ова smoothie ќе ви ја даде енергијата која ќе Ви биде потребна во текот на целиот ден. Тоа е одличен, лесен и брз појадок во чаша. И, можеби Ви звучи малку чудна комбинацијата на состојките, но Ве предизвикуваме да си го докажете спротивното.

Потребни состојки:
3 домати
2 моркова
1 јаболка
4 коцки мраз

Начин на подготовка:
Отстранете ги семките од јаболкото и излупете го заедно со доматите. Потоа, сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Сервирајте во 2 чаши и декорирајте по парче јаболко или шери домати.
На здравје!
Е.С.
photo1/ colloque-enfance-sida.org
*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.
*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.