Магичното дејство на сирењето

Според истражувањата, свежо подготвеното сирење многу малку, скоро воопшто, не влијае врз покачувањето на холестеролот во крвта. Поради тоа, најчесто им се препорачува на дијабетичарите.

Сирењето е значаен извор на витамини А, Б, Д и Е, кои се неопходни за здравјето на човекот. Воедно, тоа е и одличен извор на минерали.

Во себе содржи: калциум, манган, калиум, цинк, железо, натриум, фосфор и бакар. Одлични се за косата и забите, но и во превенција на остеопорозата и ракот на дебелото црево. Содржи и незаситени есенцијални масни киселини, односно линолна и линоленска. Тоа ја спречува активноста на микроорганизмите во гастроинтестиналниот тракт.

САЛАТА

Количината на холестерол во сирењето, варира во зависност од видот. Свежо подготвеното сирење содржи значително помалку холестерол за разлика од другите. Доколку водите сметка за внесувањето на сирење на дневно ниво, не стравувајте од негативно влијание врз Вашето здравје.

 

 

 

 

ГАЛА-совет: Консумирајте го во комбинација со свежи билки, како на пример нане или босилек.

 

Е.С.