Комбинација на храна која го чува здравјето

Постојат одредени продукти кои во комбинација со други, нутритивните вредности, имаат подобро влијание на целокупното здравје. Еве кои се тие:

Сладок компир со кокосово масло за здрава кожа. Слаткиот компир изобилува со витамин А кој има клучна улога во одржувањето на здравјето на кожата. Организмот многу подобро ќе го апсорбира овој витамин со кокосовото масло.

beginwithinnutrition.com
beginwithinnutrition.com

Јаболка со чоколадо за здраво срце. И јаболката и чоколадото содржат флавоноиди, а заедно во комбинација го подобруваат кардиоваскуларното здравје, а и вкусни се за комбинирање.

Црн грав и лимон за здравје на дишните патишта. Црниот грав како самостоен продукт е полн со железо, но е потешко сварлив за организмот. Во комбинација со лимонот кој изобилува со витамин Ц, станува полесно сварлив, па телото во целост може да ги искористи неговите нутритивни вредности.

myvega.com
myvega.com

Бадеми и јогурт за посилни коски. Витамините А, Д и Е полесно се раствораат во организмот доколку се внесуваат преку здравите маснотии, кои можат да се внесат преку бадемите, во комбинација со јогурт, кој исто така, е одличен извор на витамин Д.

Кељ и лимон за јаки мускули. Салатата од кељ го зајакнува имунитетот и ги зајакнува мускулите. Ваквата салата во комбинација со лимон, му помага на организмот подобро да го апсорбира железото, а со тоа се спречува и уморот на мускулите.

Риба и лук против воспаленија. Приготвувањето на риба со лук ги подобрува својствата на рибиното масло, со што се овозможува намалување на холестеролот, а одлично делува и против воспаленија.

Домат и авокадо против рак. Доматот е богат со ликопен, антиоксидант кој се бори против ракот. Авокадото содржи здрави маснотии кои помагаат при собирање на каротеноидите од стомакот и ги движат низ телото.

Банана и тврдо варени јајца за енергија. здравиот шеќер кој е содржан во бананата за брзо време ја враќа енергијата на телото, а здравите масти и протеини содржани во јајцата го одржуваат шеќерот во крвта на нормално ниво.

 

Е.С.

 

photo1/misremedios.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.