Векна леб полнета со моцарела и лук

Потребно е само малку обичната векна леб да ја претворите во совршенство.

littlespicejar.com
littlespicejar.com

Потребни состојки:

1 векна леб

50 гр растопен путер

6-7 чешниња сецкан лук

2 супени лажици сецкан магданос

250 гр моцарела на парчиња

50 гр кашкавал на парчиња

Сол

Бибер

delish.com
delish.com

Начин на подготовка:

Најпрво се вклучува рерната да се загрева на 200° додека се подготвува лебот.

Лебот се сече на баклави или коцки сеедно, но се внимава да не се исече до крај.

Во сад се мешаат растопениот путер, лукот и магданосот. Се додава сол и бибер по желба.

Со четка се премачкува целиот леб одозгора и меѓу пресеците. Потоа, секој пресек се полни со моцарела и кашкавал.

Целиот леб се витка во алуминиумска фолија и се става во рерна. Се пече околу 20 минути, односно додека сирењето и кашкавалот не се растопат, а лебот не омекне.

Лебот се вади од рерна и се остава 3-4 минути малку да се олади, а потоа се сервира.

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.