Како правилно да ја негувате кожата на лицето?

Негата на кожата на лицето е првиот и основен чекор кој води кон беспрекорна шминка, а тоа е всушност и она кон што тежи секоја девојка која води грижа за својот секојдневен изглед. Затоа потребно е да ја негувате својата кожа на дневна база.

Кога станува збор за негата на кожата на лицето, најбитно е да да ја познавате Вашата кожа и нејзините потреби, и правилно да ги изберете производите со кои ќе ја негувате. Така, доклку имате сува кожа на целото лице, изберете производи наменети за сува кожа, доколку нема некои разлики на делови на лицето или многу масни, многу суви делови, изберете нега за нормална кожа, а доколку имате масна т-зона или целосно маска кожа на лицето, изберете нега која е наменета за масна кожа или нормална до масна кожа.

Она од што всушност треба да се состои секојдневната нега на кожата на лицето се неколку производи и тоа:

Добро средство за одстранување на шминка-тоа е она што е прво и основно, односно потребно е  да поседувате добро средство со кое ќе ја одстранувате сета шминка која ја има на Вашето лице. Овие производи можат да се најдат во облик на мицеларни води, двофазни средства, уља или млека за одстранување на шминка, и најчесто се користат навечер. Во правилната нега на лицето, изборот на средство кое ќе ја отстранува темелно шминката од Вашето лице и притоа ќе ја негува правилно, е првиот чекор кој треба да го применувате секојдневно.

Гел за миење на лице-откако ќе ја извадите цела шминка од Вашето лице, следен чекор е неговото миење со помош на гел со што ќе го исчистите темелно и ќе ја одстраните и онаа шминка која останала во Вашите пори. На овој начин, и со овој производ, ќе ја одстраните можносто од појава на акни поради затварање на порите на кожата.

Тоник за лице-следен чекор е тонирањето на лицето. На парче памук, нанесете тоник кој е наменет токму за типот на Вашата кожа , и нежно преминете преку целото лице. Овoј производ, дополнително ќе го исчисти Вашето лице и добро ќе го освежи.

Крема за лице-ова е и последниот производ кај секојдневната нега на лицето . Неа ќе ја нанесете со кружни движења на прстите, со што ќе ја поттикнете циркулацијата на лицето и ќе овозможите кремата да се впие добро и во што подлабок слој на кожата. После овој чекор, Вашата кожа едноставно ќе блеска. Секако ,кремата за лице чија намена е хидратизација, може да ја користите и како прајмер пред секое шминкање, со што дополнително ќе го заштитите Вашето лице.

Марија Ѓорѓијоска Анѓелеска, Beauty-блогер и сопственик на блогот My Make up Bag M

слика: alisveriskulupleri.com