Четири грешки при ставање вештачки трепки

При желбата да изгледате што поубаво честопати посегнувате по вештачките трепки. Навистина тие даваат погламурозен изглед, но треба да внимавате како ги ставате. Ова се најчестите грешки кои ги правите при нивно лепење:

Погрешен избор на трепки. За да откриете кој вид на вештачки трепки најмногу Ви одговара не се залетувајте веднаш да купите најскапи. Најпрво купете неколку видови од најевтините и испробајте ги сите за да се одлучите кој пар од нив најдобро Ви прилега. Ги има најразлични по должина, густина и вид на материјал од кој се изработени. Исто така, можете да одберете и од оние кои се во вид на снопчиња, па треба да ги лепите едно по едно снопче.

Употреба на лепакот кој доаѓа во пакет со трепките. Лепакот за трепки кој доаѓа заедно во пакет со трепките нема да Ви користи доколку не е на база на смола. Во спротивно, веднаш фрлете го. Ви препорачуваме да си набавите посебен лепак кој е дерматолошки тестиран, а секако и офталмолошки. Но, не заборавајте најпрво да го тестирате и на Вашето око. Лепакот не треба да предизвика црвенило, печење и чешање на окото. Можете да го набавите во црна, бела и неутрална боја.

thisisinsider.com
thisisinsider.com

Нанесување на лепакот директно од тубата. Со нанесувањето на лепакот врз трепките директно од тубата, ризикувате лепакот да истече многу повеќе од потребното и да ги уништите трепките или шминката. Најдобро е лепакот да го нанесувате на трепките со памучни чепкалки за уши. Откако ќе го нанесете, почекајте неколку секунди малку да се засуши и да добие гумирана и леплива структура за полесно лепење на очниот капак.

Аплицирање на трепките со прсти. Прстите и не се најдоброто решение за аплицирање на трепките, особено кога убаво треба да го залепите секој дел од трепките на окото. Подобро решение е пинцета. Со нејзина помош подобро ќе можете да ги аплицирате вештачките трепки до природната линија на Вашите трепки.

 

Е.С.

 

photo1/ superdrug.com

 

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.