Сок од ѓумбир за добро утро

Ѓумбирот, во последно време, стана многу популарен зачин ширум светот. Една чаша сок од ѓумбир наутро, секое утро, Ви носи многу придобивки за здравјето. Доколку ѓумбирот не можете да го пиете како сок, можете да го јадете сув или како чај. Еве кои се придобивките:

За подобро варење на храната. Ѓумбирот го помага варењето на храната на тој начин што го зголемува лачењето на желудочна киселина. Одличен е и за сите оние кои патат од синдромот „нервозни црева“. За да се спречат непријатностите на овој синдром, потребно е ѓумбирот да се консумира како чај.

pinterest.com
pinterest.com

За побрза регенерација на мускулите. Станува збор претежно за болката во мускулите после тренинг. Сокот од ѓумбир најдобро е да се консумира пред тренинг на празен стомак или веднаш по тренингот.

За контрола на нивото на гликоза. Сокот од ѓумбир помага при одржувањето на нивото на гликоза. Одржувањето на нивото на гликоза е потребно за контролирање на телесната тежина и на телесната енергија.

За јакнење на имунитетот. Ѓумбирот е особено добар кога имунитетот опаѓа, односно, најчесто при појава на настинка.

t-i.ru
t-i.ru

За намалување на телесната тежина. Сокот од ѓумбир овозможува чувство на ситост подолго време, а во исто време помага и при побрзо топење на масните наслаги.

За превенција од рак. Постојат бројни истражувања кои го докажуваат дејството на ѓумбирот во борбата против ракот или при превенција од него, особено на ракот на јајниците.

За превенција од Алцхајмерова болест. Секојдневната консумација на сокот од ѓумбир го успорува стареењето и умирањето на мозочните клетки, со што се спречува појавата и на Алцхајмерова болест и деменција.

 

Е.С.

 

photo1/ goguide.bg

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.