„Smoothie“ со авокадо, спанаќ и фстаци

Ф`стаците се моќни антиоксиданси, кои во себе содржат малку масти, а многу витамин Е и бета-каротен.

Тие во комбинација со останатите состојки содржани во ова smoothie, овозможуваат внесување на потребната доза на витамини и минерали потребни за текот на целиот ден.

2

Потребни состојки:

1 ½ шолја вода

½ шолја ф`стаци

1 шолја млад спанаќ

½ авокадо

½ портокал (свежо цеден)

½ лимон (свежо цеден)

1 замрзната банана

foodtolive.com
foodtolive.com

Начин на подготовка:

Сите состојки се ставаат во блендер и се блендираат. Содржината се сипува во 2 чаши и се декорира со дробени ф`стаци.

 

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ prettyinpistachio.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.