Мини солени крофнички

Овие мини солени крофнички одлични се за ужинка, за патување или за прослава.

za.pinterest.com
za.pinterest.com

Потребни состојки:

100мл масло

220мл јогурт

2 јајца

10 супени лажици брашно

1 пециво

30гр ситно рендана пилешка салама

1 супена лажица ситно рендано сирење

½ кафена лажица сол

1 кафена лажица шарена сол

½ кафена лажица оригано

cookingonthefrontburners.com
cookingonthefrontburners.com

Начин на подготовка:

Јајцата и солта се матат со миксер, се додека не се добие пенаста смеса, а потоа се додава маслото и јогуртот.

Се додава пецивото и брашното и се мати со мала брзина на миксерот.

Се додаваат и останатите состојки. Треба да се добие погуста смеса од смесата за палачинки.

Добиената смеса се става во шприц или во кесичка за замрзнување на која ѝ се отсекува врвот. Во претходно загреан зејтин се испуштаат мали топчиња од смесата. Крофничките се пржат од двете страни многу кратко време.

Доколку имате апарат за крофнички, премачкајте ги дупчињата со масло, наполнете ги со смесата и оставете ги да се печат 5 минути на едната страна, па уште 1-2 минути на другата страна.

Со крофничките можете да се напиете чаша јогурт.

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ pinterest.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.