„Smoothie“ со морков и ореви

Ова smoothie го има познатиот вкус на торта со моркови. Ве советуваме да си го подготвите ова вкусно и здраво smoothie за почеток на денот.

2

Потребни состојки:

¾ шолја бадемово млеко

¼ шолја грчки јогурт

3 моркови

½ замрзната банана

2 супени лажици сецкани ореви

1 кафена лажица цимет

¼ кафена лажица рендано морско оревче

1 супена лажица мед

Неколку коцки мраз

3

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Содржината сипете ја во 2 чаши и декорирајте со сецкани ореви или рендано морско оревче.

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ lovingitvegan.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.