Направи сам-Водена бомба со шеа путер и мача

Освежете се  со пријатна купка, во која ќе ставите водена бомба со многу хранливи состојки кои му се потребни на Вашето тело. Оваа водена бомба можете да си ја направите сами во домашни услови. Еве што Ви е потребно за едно вакво уживање:

pinterest.com
pinterest.com

Потребни состојки:

1 ½ кафена лажица мача во прав

1 супена лажица стопен шеа путер

3 супени лажици сода бикарбона

1 супена лажица лимонска киселина

1 кафена лажица природна зелена боја

5 капки есенцијално масло по избор

Малку кокосово масло

3

Начин на подготовка:

во еден сад прво измешајте ги содата со лимонската киселина, па додадете ги шеа путерот, мача правта и зелената боја (Зелената боја и не е неопходна, таа само помага во интензивирање на бојата).

Доколку имате калап во форма на топка можете да го употребите за да ѝ дадете убава форма на водената бомба, но доколку немате, можете да ја оформите и со раце. Кокосовото масло употребете го за да ја премачкате внатрешноста на калапот. Двете половини од калапот наполнете ги со смесата, спојте ги и оставете да отстои преку ноќ на ладно место.

Наредниот ден уживајте!

 

Е.С.

 

photo1/ thirstyfortea.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.