Стоплете се со вкусна чорба од карфиол

Во ладните есенски денови, ви предлагаме од карфиолот да си подготвите вкусна чорба.

2

Потребни состојки:

6дцл вода

2дцл млеко

2дцл павлака

500гр карфиол

100гд морков

2 ловорови листа

1 коцка пилешка супа

2 супени лажици сончогледово масло

Сол

Бибер

За „запршка“:

1 супена лажица сончогледово масло

1 супена лажица брашно

blog.culinarycenter.com
blog.culinarycenter.com

Начин на подготовка:

Морковот се чисти, се сецка на коцки, па се пропржува во тенџере.

Во истото тенџере се додава водата и карфиолот, кој претходно сте го исецкале на парчиња. Се вари додека карфиолот не омекне. Откако ќе омекне, се пасира.

Се додава млекото, ловоровиот лист, солта и биберот.

На крај се додава и коцката за супа и се остава да врие некое време.

Запршка:

На добро загреаното масло се додава брашното и се меша цело време. Запршката треба да има жолтеникава боја, но никако не смее да потемни. За да не се создадат грутки во чорбата, запршката треба да биде малку оладена кога ќе се додава во чорбата.

Се сервира во чинии, со павлака како задолжителен додаток.

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ womanandhome.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.