Печени компири полнети со сланина и кашкавал

Оваа недела Ви предлагаме да си подготвите вкусни печени компири полнети со сланина и кашкавал за вечера. Лесни се и брзи за подготовка, па нема да Ви одземат многу време при извршување на секојдневните обврски.

SLIKA-2Потребни состојки:

6 големи компири

180гр сланина сечена на ленти или коцки

130гр кашкавал сечен на коцки

100гр неутрална павлака за готвење

1 страк млад кромид

1 чешне лук

Сол и бибер

Начин на подготовка:

Компирите се ставаат да се варат заедно со лушпата околу 20 минути. Внимавајте, при варењето компирите треба да останат цврсти.

Откако ќе се сварат, се тргаат од оган, се цедат од водата и се ставаат во тавче за печење. Лушпата од горниот дел се лупи, а компирите се длабат со лажица.

Внатрешноста на компирите се става во длабок сад и се меша заедно со останатите состојки. Потоа, компирите се полнат со оваа смеса.

Компирите се ставаат да се печат на 180° Целзиусови во претходно загреана рерна. Се печат околу 15 минути.

Компирите послужете ги топли.

SLIKA-3

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ foodiecrush.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.