Зошто изгледаме постаро во студените денови?

Студеното време и не е баш некој пријател на убавината. Најосновна причина за тоа е намаленото количество на сончева светлина, а со тоа се намалува и добивањето на витамин Д.

Еве како студените денови влијаат на убавината и како може да се реши тоа:

Лошо расположение. Со намаленото добивање на витамин Д од Сонцето, се намалува и лачењето на хормонот за среќа. Затоа, во ладните денови овој витамин внесувајте го преку храната: туна, лосос, печурки, сирење.

fashionztrend.com
fashionztrend.com

Сува кожа. Затоплувањето на домот, особено со клима уред значително го суши воздухот, но и Вашата кожа. токму затоа, во студените денови потребна ѝ е посебна нега и хидратација. Во своето омилено млеко за тело или хидратантна крема додадете неколку капки маслиново масло.

Сува коса. Исто како и кај кожата, клима уредите ја сушат и косата. Ветерот и студот исто така ѝ штетат на косата. Уште сега закажете си шишање кај Вашиот фризер, за да ги освежите врвовите на косата оштетени од сонцето и морето, и започнете со нанесување на природни маски за коса за враќање на сјајот и убавината.

Подочници. Поради недостаток на витамините Д и К, подочниците се повеќе истакнати. Ова доведува до визуелно постар изглед дури за 5 години. Обидете се да ги сокриете подочниците со посветол коректор.

Вежбање. Во студените денови полесно можеме да се откажеме од вежбањето, односно од одењето во теретана, особено ако надвор има дожд. Токму затоа, можете да започнете со вежбање во домашни услови.

pinterest.com
pinterest.com

Темна облека. Во студените денови луѓето најчесто посегнуваат по облека со темни нијанси, што синхронизирано со природата не дава добри резултати. Обидете се барем едно парче од облеката да биде со некоја повесела, односно со посветла боја.

 

Е.С.

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.