Книга на неделата: Девет ноќи

Девет ноќи

Автор: Бернардо Карваљо

Во август 1939 година американскиот дваесет и седумгодишен етнолог Бјуел Квејн се самоубива во Бразил. Ова многу паметно момче од богато семејство во тоа време вршело истражувања на племињата од Амазонија. Зад себе оставил седум писма, во кои наведува различни причини за самоубиството: некаде вели дека го измачувала тешка болест, а на друго место дека не можел да ја преболи прељубата меѓу неговата сопруга и брат му (но тој ниту бил женет ниту имал брат). Овој вистински историски случај останал табу во бразилската антропологија и наскоро бил заборавен од јавноста.

Ликот што ја раскажува приказната живее во денешно време и смета дека мора да постои и осмо писмо, па тргнува да го бара. Но потрагата го фрла во лудило. Овој роман на Бернардо Карваљо го споредуваат со делата на В. С. Најпол, Вилијам Фокнер, Џозеф Конрад и Брус Чатвин.

2

Издавач: Антолог

*Книжевен центар Антолог ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок.1
*Книжарница Антолог ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31 лок.1 Скопје

+389 78 290 745
www.antolog.mk

Fb/Книжевен центар АНТОЛОГ

 

Купете online

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.