„Жената во кафезот“-Bookstar награда за најчитана книга

„ЖЕНАТА ВО КАФЕЗОТ“ Е ДОБИТНИК

НА НАГРАДАТА „БУКСТАР“ ЗА НАЈЧИТАНА КНИГА ЗА 2017!

 

Организацискиот тим на Фестивалот на европската книжевност „BookStar“ со големо задоволство го најавува гостувањето на данскиот писател Јуси Адлер-Олсен, кому оваа година ќе му биде доделена наградата „BookStar“ за најчитана книга помеѓу две изданија на Фестивалот.Четврток, 2 ноември 2017 година, со почеток во 20 часот, во Клуб ресторанот МКЦ ќе биде промовиран неговиот роман „Жената во кафезот“, издание на „Антолог“, кој на македонски јазик го приопшти Лара Крстева-Ичокаева. Романот е најчитаниот наслов во книжарниците на „Антолог“ оваа година, а е објавен со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската Унија.

Промоторка на романот ќе биде режисерката, продуцентка и актерка Лабина Митевска.

nagrada

Прогонувана. Киднапирана. Но достоинствена. И борбена. Гребе со ноктите по голите ѕидови на просторијата во која е заробена додека прстите не почнат да ѝ крвават. Нема начин да одреди колку е часот или кој ден е, па неделите и месеците минуваат како на бескрајна лента. Прикриениот глас во темнината е груб и немилосрден. Вели дека сето тоа ќе престане кога ќе му одговори на едно едноставно прашање…

Истрагата на мистеријата за исчезнувањето на младата политичарка Мерете Лингор е првата задача што ја презема секторот Q, во кој единствени вработени се детективот Карл Морк – кој се враќа на работа по престрелка во која едниот од неговите колеги останува парализиран, а другиот е убиен – и сирискиот имигрант Асад. Тие сметаат дека нешто е пропуштено во истрагата. Навистина, Мерете не е мртва. Сè уште не!

„Жената во кафезот“ е одличен почеток на серијалот книги за секторот Q! Веднаш по објавувањето, книгата се искачила на првото место на топ-листите и се задржала на врвот на бестселери цела година! Според книгата е снимен и филм.

KNIGA

Јуси Адлер-Олсен е дански автор број 1 чии книги се преведени на 40 јазици и котираат на големите бестселер-листи во светот, меѓу кои и на „Њујорк тајмс“. Во младоста свирел гитара во неколку поп-групи. Студирал медицина, социологија, филм. Бил издавач, уредник, композитор на филмска музика и продавач на книги. Добитник е на огромен број награди, а четири негови книги имаат и филмски адаптации.

На 2 ноември во 11 часот во Книжарницата „Антолог“ (ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31) ќе се одржи и средба, „упанишад“, со Јуси Адлер-Олсен, на која ќе гостуваат неколку влијателни македонски блогери.

Промоцијата на романот „Диссомнии“, најновата книга на македонскиот писател Игор Станојоски, ќе се одржи на 4 ноември 2017 година, со почеток во 20 часот, во Клуб ресторанот МКЦ.

Добре дојдовте во светот на книгите, добре дојдовте во „Антолог“!

 

Следете нè на:

Facebook

 

Twitter

@Antolog_Books

 

Instagram

antolog_books

 

Youtube
https://www.youtube.com/channel/UCPMeZZYy8_NAAGJ4bUR3OeA

 

За „Антолог“

АНТОЛОГ – Скопје е книгоиздателство првпат основано на 7 јули 1999 година, од страна на македонскиот писател Александар Кујунџиски. Овој датум истовремено e формален почеток на една дамнешна идеја, но и продолжение на долга и разновидна уметничка традиција. Сè до 1903 година, во семејното стебло на Кујунџиски се впишани неколку генерации златари-кујунџии, чии филигрански ракоделија денес се втопени во морето на креативниот гениј на македонскиот народ. Хуморот, сликарството, актерството, уметничката фотографија, исто така, се дел од меморијата и оставината на Кујунџиски. Но, Зборот е оној што отсекогаш бил наша првична и основна инспирација. Зборот преточен во книжевност, belles-lettres…

Повеќе информации: www.antolog.mk

 

Контакт „Aнтолог“
Кристина Велевска

ПР
e-mail: kristina@antolog.mk

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.