Есенски рецeпт: Полнети тикви со ориз и месо

Сезоната на тиквите веќе започна, па затоа Ви предлагаме денешниот ручек да го подготвите токму со нив. Можеби изгледа невообичаено, но е многу вкусно.

geniuskitchen.com
geniuskitchen.com

Потребни состојки:

3 тикви од 1кг

½ кг мелено месо (свинско или телешко)

½ кг сечкани свежи печурки

4 шолји сварен ориз

2 јајца

1 шолја рендан пармезан

2 кромида сечкани на коцки

1 сечкана зелена пиперка

2 ситно сечкани чешниња лук

½ шака сечкан свеж магданос

1 кафена лажица сол

½ кафена лажица бибер

¼ кафена лажица сушена мајчина душица

thekitchn.com
thekitchn.com

Начин на подготовка:

Во големо тавче се готви зеленчукот и месото, околу 7 минути, односно кога месото ќе ја промени розовата боја.

Во истото тавче се додава оризот, пармезанот, јајцата, биберот и солта и мајчината душица. Добро се промешува.

Горниот дел на тиквите се отстранува, кај дршката, односно се отсекува во форма на капак. Се отстрануваат семките од тиквата и се полни со смесата од ориз и месо. Тиквите се поклопуваат и се ставаат во тавче за печење.

Тиквите се ставаат да се печат на претходно загреана рерна на 250°. Се печат околу 15 минути. Потоа се отстрануваат капаците од тиквите и се намалува температурата на 160°. Се остава да се печат уште 15 минути.

Откако ќе бидат испечени, се попрскува уште малку пармезан и се сервира.

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ tasteofhome.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.