Лесно отстранување на водоотпорната маскара

Колку пати до сега сте ја отстраниле водоотпорната маскара, притоа вадејќи и неколку трепки?

Водоотпорната маскара е одличен избор, особено во летниот период, па токму затоа продолжете да ја употребувате и понатаму, бидејќи Ви нудиме трик за лесно нејзино отстранување, без притоа губење на неколку трепки.

brit.co
brit.co

Сè што Ви е потребно е тоник и памукчиња за отстранување на шминка. Земете две памукчиња и целосно натопете ги со тоникот за отстранување на шминка и ставете ги врз трепките да постојат најмногу 1 минута, со цел да почне да се разградува маскарата од состојките кои ги има во тоникот. Потоа, со нежни движења, односно со тапкање почнете да ја отстранувате маскарата. Употребете уште две други памукчиња натопени со тоник за целосно да ги отстраните остатоците од маскарата околу очите и на коренот на трепките. Доколку е потребно, можете да се послужите и со стапчиња за чистење на уши.

При отстранување на маскарата не правете силни и нагли движења и не притискајте врз очите и пределот околу нив, бидејќи на тој начин може да дојде до појава на несаканите брчки околу очите.

Секако дека наместо тоник за отстранување на шминката можете да употребите и масло, особено масло од авокадо или млеко за отстранување на шминката.

По чистењето на маскарата никогаш не заборавајте да го хидрирате пределот околу очите.

Е.С.

 

photo1/ bellezza.pourfemme.it

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.