Разговор со данскиот писател Јуси Адлер Олсен

Иако рече дека сака да му биде удобно кога пишува, отфрлувајќи го класичниот начин на седење пред компјутер, и со било што пред себе кое би го деконцетрирало, јас моментално го правам спротивното од данскиот писател Јуси Адлер Олсен , седам пред мојот компјутер, од десна страна кафе за подобро да се расонам. Но, сепак нешто заедничко во моментов – ги слушам „Неверне бебе“, кој тој ги спомена како една од неговите омилени групи, најчесто негова слушана група овие години, за него убава и интересна музика, инспиративна. Од лева страна е неговата прва книга, потпишана лично од него,  „Жената во кафезот“ прва книга во серијалот „Department Q“, исто така и прва книга во македонско издание на „Антолог“. За оваа книга е направена и филмска адаптација.

KNIGA

Ова е книга, приказна која не ме остави до 4 часот наутро да спијам,  иако очите скоро ми се затвораа, а планот ми беше да легнам во 12. Не ми беше важно, уште малку остана до крајот и сакав да ја прочитам до крај, не е возможно да не сакаш кога ја имаш во раце.  Тогаш, не сакав да имам ништо околу себе, само тишина и светлина. Сакав да влезам внатре во приказната, ми требаше концетрација да можам да го впијам секој чекор и тактика на главните улоги. Премногу добар избор на главните улоги.

Јуси Адлер Олсен, рече дека тоа му е целта која отсекогаш сакал да ја постигне кај своите читатели. Неговите дела да бидат читани на начин на кој тие истовремено ги доживуваат, и секогаш да постои „онаа“ реченица која ќе ги држи во исчекување и љубопитност своите читатели, која ќе им измами насмевка или изненаденост на лицата. Мене ми го изнуди сето ова споменато, на моменти  и позитивен страв, во исчекување на непознатото, само претпоставеното.

2

Јас би рекла роден писател, иако својот прв роман го издал на околу 30 години, тој пишувал и во младите години, уште во училиште каде имал среќа да биде поддржуван и мотивиран  од своите професори, кои го откриле уште од рани години неговиот талент. Неговата биографија е голема,  но мора да се спомене  и неговиот талент кој тој го преточувал и во филмот, го студирал и бил композитор на филмска музика, исто така и издавач, уредник, студирал медицина, социологија, а во младите години свирел гитара.  Меѓу неговите први книги која достигнала успех на бестселер е трилерот „Alfabethuset“, кој има и своја филмска адаптација. Трилерите се неговиот тип на жанр на пишување, кон кои секогаш се стреми да има позитивен крај, за разлика од криминалистичките романи. Но, не е воопшто лесно и доволно да се склопи толку добра приказна, толку добар трилер до самиот свој крај.

4

За своите книги, Јуси Алдер Олсен претходно истражува, собира информации кои му се потребни, кои ќе ја поддржат и оправдаат неговата идеја за добра приказна, добар трилер, како што е „Жената во кафезот“, чиј синопсис заедно со другите 9 книги од серијалот, го напишал за околу 1 година. Така ги развил своите ликови, со кои неминовно е да се соживееш додека ја читаш првата книга, а верувам и во наредните од серијалот. Карл Морк, како еден од главните ликови, е инспириран од пациент кој се лекувал кај таткото на писателот, кој по струка бил психијатар. Во неговата книга, овој лик го доживеав како некој за  кој треба да се помачиш за да го мотивираш,  незаинтересиран, мрзелив, а Јуси Адлер Олсен го потврди и ова за него, нешто слично како следниот опис : Некој кој ја обожува својата состојба на кренати нозе на масата, во вис, и со запалена цигара, неважно од просторијата каде се наоѓа.

Го доживеав Карл Морк исто, со истите карактерики кои ги споменав, но со добро срце, би рекла повеќе разочаран. Затоа, ме интересираше, каков бил овој лик пред да му се случи престрелката каде бил со своите колеги, која е опишана уште на самиот почеток на книгата. Сепак, љубопитноста ќе ја нахранам со наредните книги од серијалот, каде ќе се откриваат уште многу работи и карактери.

Во случајот на Јуси Адлер Олсен, нема правило на ограничување на дневно пишани страни, зависно од моменталната инспирација, може да напише 3 до 4 страни на ден, а некогаш и дупло повеќе. Не постои правило, не постои време кога треба да се пишува, на најдобрите писатели им се случува и во текот на цела ноќ, без ронка совест за изгубениот сон.

Тоа е она што го почитувам кај тој кој со страст и желба пишува, независно што..Така и кај овој писател, се препозна неговата желба, неуморност и талент за уметност, за творење.

3

Човек пред се, Вистинска чест да се разговара со него, очи во очи, како што тој претпочита со своите читатели, и оние кој тој ги препознава како фанови на неговите дела. Сака внимателно да ги слуша своите читатели, и да одговара безуморно на нивните прашања.

Би можела да пишувам уште многу, за  импресиите од разговорот со овој човек, со овој писател кој нетешко може да те инспира да седнеш и да напишеш нешто убаво, да пренесеш чувство на хартија. На промоцијата ја пренесе истата позитивна енергија, и како што му реков и нему: Разговорот со него, секогаш ќе го паметам со насмевка.

nagrada

Заслужено добиена награда од Букстар 2017 за најчитана книга. Книга која дефинитивно треба да ја прочитате, бидејќи ќе го задржи сигурно Вашето внимание, па можеби и вие нема да може да заспиете скоро цела ноќ :-)

Благодарност до издавачката куќа „Антолог“ што ни овозможи средба со прекрасна личност и писател како Јуси Адлер Олсен. Во исчекување и на другите книги од серијалот „Department Q“.

 

Д.Б.

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.