Кој парфем е вистинскиот за Вас?

Сигурно при пронаоѓање на совршен парфем за Вас, Ви се случило да влезете во парфимеријата, да ги помирисате сите парфеми и на крајот да не знаете за кој да се определите, бидејќи сите мириси Ви се испомешале.

Ви нудиме совети како да го одберете совршениот парфем и овој пат да не се вратите дома со празни раце:

Купувајте наутро. Наутро сите сетила се најактивни, меѓу кои и сетилото за мирис. Токму затоа, Ве советуваме омилениот парфем да го одберете наутро.

Хартиени тестери. Не ги пробувајте сите парфеми на Вашата кожа, бидејќи така само ќе се испомешаат мирисите. За оваа цел, во парфимериите можете да се послужите со хартии на кои ќе можете да напрскате од тестерот. Доколку не можете веднаш да се одлучите, на секоја хартија запишете го името на парфемот, па одлучете се подоцна.

scentertainer.net
scentertainer.net

Мириснете ја раката. Помеѓу секој помирисан тестер, мирисајте ја внатрешната страна на раката. Поради тоа што овој дел од раката има неутрален мирис, најлесно ќе можете да помирисате друг парфем, а да не го чувствувате сеуште претходниот мирис. Но, внимавајте, со овој трик можете да помирисате најмногу 10 парфеми. Сетилото за мирис повеќе нема да може да функционира, односно добро да ги распознава мирисните ноти, па секој мирис ќе Ви наликува еден на друг.

Напуштете ја парфимеријата на половина час. Пред конечно да се одлучите за посакуваниот парфем, напуштете ја парфимеријата на половина час. Со тоа ќе си дадете време да се прочистите од сите мириси. Потоа, вратете се и помирисајте го само тој што се го одбрале. Доколку Ви се допаѓа веднаш купете го.

 

Е.С.

 

photo1/ shopfabholic.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.