Машки водич-како до совршен изглед во кошула?

Колку често Ви се случува да не се чувствувате удобно во кошулата која сте ја купиле? Тоа е затоа што веројатно таа не е прилагодена за Вас. И не секој има пропорции градени за „М“ или  „L“ големина.

Токму поради тоа што точната кошула е најважната работа за целокупен добар изглед, Ве советуваме да го разгледате овој водич за избор на совршена кошула за Вас. И не заборавајте, најважно е при купување секогаш да ја пробувате кошулата.

Крагна/јака. Крагната ја има единствената работа – да му даде рамка на Вашето лице. Несоодветната големина на крагната може да Ви даде небалансиран изглед, без разлика на тоа дали таа ќе Ви биде претесна или преширока. За крагната да има соодветна големина за Вас, таа треба да ја допира кожата околу вратот и би требало да можете да ставите два прста меѓу вратот и крагната.

SLIKA-2

Рамена. Работ на рамената не треба да бите ниту над рамото, ниту под рамото, туку точно на него. Доколку биде над рамото, ќе Ви создава потешкотии во движењето на рацете, а со тоа и ќе Ви ја „засекува“ кожата, а доколку биде под рамото, тогаш ќе изгледате како да имате несоодветно поголемо тело.SLIKA-3

Труп. Премногу тесната кошула кај трупот предизвикува формирање на дупки помеѓу копчињата и изгледа како да во секој момент ќе пукнат копчињата. Ова придонесува и до создавање на притисок во плешките и неможност за соодветно дишење и движење на рацете. Премногу широката кошула кај трупот пак, делува како да носите два пати поголем број. Точната кошула треба да можете да ја закопчате без потешкотии и материјалот кај нив треба да изгледа рамен, а не растегнат.

SLIKA-4

Ракави. Тесните ракави Ви го лимитираат движењето на рацете и предизвикуваат трнење и стегање на кожата, додека пак, кај многу широките ракави, поради вишокот на материјал се создаваат набори на материјалот, особено кај зголобовите. Точните ракави во горниот дел треба да бидат пошироки и како што се стеснува раката, така треба да се стеснува и самиот ракав. Кога ги држите рацете надолу, материјалот од кожата треба да биде одвоен барем 1 см. тоа ќе Ви овозможи поголема слобода на движење на рацете.

SLIKA-5

Манжетни. Претесните манжетни доведуваат до болка во зглобовите и намалување на циркулацијата на крв во дланките. Точната кошулата би можеле да ја соблекувате и облекувате без откопчување и закопчување на копчињата, што значи, треба да имате малку слободен простор меѓу зглобовите и манжетните.

SLIKA-6

Должина на ракавот. Кусите ракави кои се кријат длабоко под сакото и се со должина над зглобот се несоодветни за Вас. Истото важи и за долгите ракави, тие не треба да достигнат должина до половина дланка. Ракавот треба да биде долг токму до почетокот на дланката.

SLIKA-7

Должина на трупот. Кусата кошула кога е извадена од панталоните скоро и да не ја достигнува линијата кај ременот, или пак, кога е внатре, делови од материјалот излегуваат надвор кога се движи телото. Предолгата кошула го покрива и патентот од панталоните, што делумно и не претставува некој естетски проблем. Точната кошула би требало да има должина 3 до 4 см под ременот. Кога е собрана во панталоните, доколку ги подигнете рацете нагоре не треба да излезе од нив, а доколку не е собрана, би требало да биде во согласност со линијата на ременот.

SLIKA-8

Е.С.

 

photo1/ tshirt.saskfoods.com

photos/ realmenrealstyle.com

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.