Вкусен десерт: Мармалад од костени

Ви претставуваме несекојдневен намаз од костени, кој кога ќе го вкусите ќе Ви го подобри расположението.

Потребни состојки:

1кг костени

1 ½ кг шеќер

1 ванилино стапче

likeastrawberrymilk.com
likeastrawberrymilk.com

Начин на подготовка:

Костените се ставаат во тавче и кратко време се печат во рерна. Потоа се лупат додека сеуште се топли.

Излупените костени се ставаат во тенџере со вода и се варат од 30 до 40 минути, додека да омекнат.

Сварените костени се процедуваат и се пасираат. Во добиеното пире од костени се додава шеќерот.

Пирето од костени повторно се става во тенџере и му се додаваат 6 супени лажици вода. Се додава стапчето ванила и се меша се додека смесата не се згусне.

Откако ќе се добие посакуваната густа смеса, тенџерето се трга од оган, се вади ванилиното стапче и мармаладот се става во тегли.

Се чува на ладно место.

На здравје!

3

 

Е.С.

 

photo1/ elle.fr

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.