Книга на неделата: „Диссомнии“

Диссомнии

Автор: Игор Станојоски

Главни ликови во овој исклучително актуелен роман се еден 29-годишен писател и Настја, негова свршеничка и успешна новинарка. Нивниот заеднички живот во Украина се наоѓа во криза, а спротивните ставови во однос на Револуцијата на Мајдан не им го олеснуваат односот. Барајќи мир и инспирација, писателот се враќа во Македонија, која ја напуштил 11 години претходно, по сообраќајната несреќа во која загинало целото негово семејство. Таму се стационира во планинското село од кое потекнуваат неговите баба и дедо, но почнуваат да го следат одредени надреални случувања, како што е преместување на предмети во куќата додека спие.

„Диссомнии“ е сижејно комплексен роман со исклучително непредвидлив тек на раскажаните настани. Дејството е со многу пресврти и содржи елементи на трилер, хорор и психолошки роман. Читателот од самиот почеток ужива во сите раскажувачки нишки, но оставен е до пред самиот крај да се прашува каде води сето тоа и со што ќе резултираат сите елементи на личната и семејната драма на раскажувачот, изненадувачки испреплетени со колективната драма предизвикана од општествени немири.

2

Издавач: Антолог

*Книжевен центар Антолог ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок.1
*Книжарница Антолог ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31 лок.1 Скопје

+389 78 290 745
www.antolog.mk

Fb/Книжевен центар АНТОЛОГ

Купете online

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.