Намени на активниот јаглен за нега и убавина

Активниот јаглен е природна состојка која може да се употребува внатрешно или надворешно на телото. Нема ни вкус, ни мирис и има црна боја. Можете да го најдете во прав, капсули или таблети во аптеките и продавниците за здрава храна.

Поради тоа што се употребува за и подобрување на здравјето и убавината, Ви нудиме 5 здрави причини да го употребите во служба на убавината.

trustdentalcare.com
trustdentalcare.com

За избелување на забите. Активниот јаглен го извлекува танинот од забите, односно го избелува површинскиот слој кој се наталожил од консумирање кафе или црвено вино. 2 капсули активен јаглен измешајте со неколку капки вода и со четка нанесете од смесата на забите, оставете да делува околу 2 минути, исплакнете и потоа измијте си ги забите на вообичаен начин со паста. Повторувајте ја оваа постапка навечер прад спиење и за 2 недели ќе имате воочливи резултати.

manemanagement.com
manemanagement.com

Сапун за раце и тело. Сапунот од активен јаглен е одличен за целото тело, па дури и за лицето. Особено се препорачува на лица со проблематична и чувствителна кожа. Во сад измешајте 250 гр растопен шеа путер, 5 капсули активен јаглен и 20 капки миризливо масло од чаено дрво. Смесата сипете ја во калап за мафини, оставете да се олади, а потоа можете да го употребувате новиот сапун.

Пилинг маска. За да ја извадите нечистотијата од Вашето лице или пак, да го поправите тонусот, текстурата и општата состојба на лицето, еднаш до два пати неделно масирајте го лицето со пилинг маска. Во сад измешајте 2 кафени лажици шеќер, 2 кафени лажици маслиново масло, 2 капсули активен јаглен и 3 капки миризливо масло по Ваша желба. На претходно исчистено лице, нанесете од маската и нежно масирајте го лицето околу 1 минута. Исплакнете.

Маскара. Со помошна маскарата од активен јаглен не само што ќе ги истакнете Вашите трепки, туку истовремено и ќе ги негувате. Во сад на оган измешајте 2 супени лажици растопено кокосово масло, 4 супени лажици гел од алое вера, 1 супена лажица пчелин восок и 2 капсули активен јаглен. Во чисто шишенце за римел ставете од смесата со помош на шприц. Оставете да се олади, па потоа можете да го употребувате римелот.

Туш за очи. Пределот кај очите е особено нежен и специфичен, па затоа посветете повеќе внимание на производите кои ги нанесувате на овој дел. Ви предлагаме да си подготвите туш за очи во домашни услови. Во сад измешајте 2 кафени лажици кокосово масло, 4 кафени лажици гел од алое вера и 2 капсули активен јаглен. Ставете го во практичен сад и чувајте го на ладно и темно место.

 

Е.С.

 

photos/ superfoodly.com, trustdentalcare.com, manemanagement.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.