Видео: Корејски омлет

Еден од најпопуларните појадоци во светот е омлетот. Но, секој омлет се припрема на различен начин, во зависност од земјата.

Овој пат, за појадок Ви предлагаме да си подготвите омлет на корејски начин. Најинтересно кај овој омлет е начинот на печење.

koreanbapsang.com
koreanbapsang.com

Потребни состојки:

3 јајца

1 супена лажица млеко

1 супена лажица сечкан морков

1 супена лажица сечкан млад кромид

1 супена лажица сечкан кромид

Сол и бибер

heytheresia.com
heytheresia.com

Начин на подготовка:

Во длабок сад се мешаат јајцата и млекото, а потоа се додаваат и останатите состојки.

На оган се става тавче за палачинки и се премачкува со многу малку масло. Потоа, во него се разлева една кутлача од смесата за омлет (на ист начин како што се подготвуваат палачинки).

За понатамошна подготовка на омлетот, погледнете го видеото.

Омлетот се сервира топол.

На здравје!

 

Е.С.

photo1 / youtube.com

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.