Зимски фустан за стилски изглед на трудници

Бремените жени честопати имаат тешкотија при изборот на облека која ќе им прилега, а истовремено ќе им биде и стилска и комотна.

Одлично им прилегаат фустани, па токму затоа и треба да ги носат. Во зимскиот период изгледот можат да го надополнат со некоја марама или шал, за да им биде потопло.

Плетените фустани се идеални за зимата, но можат да се носат и други материјали надополнети со некој убав кардиган, сако или капут.

Да се биде бремена жена не значи дека треба да се заборави на модата и стилот кој го имате. Затоа, погледнете ги нашите предлози за стилски изглед и во зима.

 

Е.С.

 

photos/ laurenmcbrideblog.com, pinterest.com, femaline,polishedclosets.com

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.