4 совети за носење на „oversize“ облека

„Oversize“ облекувањето, особено е популарно кај послабите девојки. Но, за да изгледате тренди, секако, можете и со вишок килограми. Едноставно следете ги овие 4 корисни совети за потполно беспрекорен изглед:

Бидете женствени. Доколку облечете oversized сако, потрудете се да облечете малку потесна кошула, со која ќе ја истакнете женската фигура. Или пак, можете да облечете тесен фустан.

styleoholic.com
styleoholic.com

Урамнотежена силуета. Доколку сакате да носите oversized плетен фустан, најдобро е да го искомбинирате со тесни чизми над колена, за визуелно да ја издолжите Вашата фигура. Доколку пак, сакате да носите тесен фустан, можете слободно да го искомбинирате со широк џемпер. Важно е на себе да имате само едно oversize парче.

Ремен. Женската фигура можете да ја истакнете и со ставање колан на половината. Без разлика на тоа дали носите oversized џемпер, фустан или капут, врзете го ременот околу половината за полн стилски погодок.

Комбинирајте ги со сукња или панталони. За да ја нагласите половината, oversize џемперот, блузата или кошулата вовлечете ги во сукња со тесна половина или во панталони со висок струк.

weheartit.com
weheartit.com

 

Е.С.

 

photo1/ pinterest.com

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.