Лоши навики поради кои градите се опуштаат

Ниту една жена не може да го избегне опуштањето на градите токму поради годините, генетските предиспозиции или доењето, но постојат и некои негативни навики кои придонесуваат за забрзување на тој процес. Еве кои се тие:

Цигари. Дури и да пушите само по една цигара дневно, дотокот на крв во површинскиот слој на кожата се намалува, со што кожата постепено почнува да старее.

Градник без доволна потпора. Секогаш бирајте градник кој ќе овозможи добра потпора на градите. Во спротивно, кожата на градите ќе се олабави, а ќе се намали и производството на колаген кој е одговорен за цврстина на кожата.

Крема со заштитен фактор. Ненанесувањето на крема со заштитен фактор, особено во текот на летниот период овозможува остарување на кожата, а со тоа и повторно непроизводство на колаген. Кожата постепено се оштетува, се забрзува процесот на нејзино стареење, а со тоа всушност се доведува до нееластични и опуштени гради.

2

Јо-јо диета. Варирањето на телесната тежина, односно наглото зголемување и намалување на минимум 10 килограми, овозможува опуштање на кожата и губење на нејзината еластичност. Ова не е случај со варирањето на тежината за околу 5 килограми.

Трчање. Секако дека трчањето е здраво за Вас, но не и за Вашите гради доколку не носите спортски градник со раздвоени корпи. Спортскиот градник без корпи го нема одличниот ефект за држење на градите на своето место.

 

Е.С.

photo1/ bustle.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.