„Smoothie“ со мандарини и урми

Сезоната на урми, мандарини и брусница штотуку започна, па затоа Ве советуваме уште веднаш да почнете со нивно консумирање. Во продолжение Ви претставуваме smoothie со овие состојки:

Потребни состојки:

½ шолја газирана вода

½ шолја сок од брусница

½ шолја замрзната брусница

1 замрзната банана

2 мандарини

2 излупени урми

¼ кафена лажица екстракт од ванила

¼ кафена лажица цимет

6 коцки мраз

seriouseats.com
seriouseats.com

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Содржината сипете ја во две чаши и декорирајте со брусница.

blossomtostem.net
blossomtostem.net

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ cookingclassy.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.