Пица-макарони потпечени во рерна

Доколку сте љубители на добрата пица, но сакате било каква промена кај истата, за денешниот ручек Ви предлагаме да си подготвите потпечени пица макарони.

2

Потребни состојки:

400 гр макарони

200 гр свинска шунка на коцки

200 гр рендан кашкавал

200 гр печурки

150 гр сирење на коцки

Малку путер

Кечап

Оригано

Потребни состојки за прелив:

1 чаша јогурт

2 јајца

Сол

 

Начин на подготовка:

Макароните се ставаат да се варат во солена вода, а откако ќе се сварат, се плакнат со ладна вода.

На малку масло се пропржуваат печурките сецкани на листови.

Во посебен сад се мешаат печурките, шунката, кашкавалот, сирењето, ориганото и кечапот. Се додаваат и макароните и повторно се промешува.

Тавчето за печење се премачкува со путер и во него се става смесата со макарони. Повторно се премачкува со кечап.

Во посебен сад се мешаат јајцата со јогуртот и се прелеваат врз слојот кечап.

Одозгора се ренда малку сирење и се додава оригано.

Се пече во претходно загреана рерна на 200° и се сервира топло.

 

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ taste.com.au

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.