Состојки кои не треба да се нанесат на лицето

Во последно време важи правилото – Ако е природно, може да се нанесе на лицето. Но, не секогаш е така. Оние природни состојки кои обично ги консумираме и се добри за организмот, не секогаш се добри за Вашето лице. Еве кои се тие:

Јајца. Некои луѓе предлагаат маска за лице од белки од јајца за затворање на порите на лицето. Всушност, живите јајца во себе содржат бактерија – салмонела која го поттикнува труењето. Па, зошто тогаш да се нанесуваат живите јајца на лицето?

Мајонез. Сигурни сме дека некаде имате прочитано за тоа како мајонезот е одличен за сува кожа која се лупи. Но, Ве советуваме цврсто да се држите до хидратантните креми. Мајонезот за кратко време ќе предизвика затворање на порите на лицето, а со тоа и појава на акни, а Вие тоа не го сакате, нели?!

cuisine.satimis.com
cuisine.satimis.com

Лимонов сок. Многу луѓе велат дека лимоновиот сок можете да го употребувате како тонер, за избелување на темните дамки на кожата или како третман против акните. Но, всушност, лимоновиот сок е киселина која може да ја наруши pH вредноста на кожата и да го уништи заштитниот слој кожа, па со тоа да ја олесни појавата на инфекции и иритации. Исто така, може да се поттикне осетливоста на UV зраците, особено во летниот период.

Сода бикарбона. Сода бикарбоната и медот во комбинација, одлични за пилинг на кожата или во борба против акните? Во никој случај. Сода бикарбоната ја менува pH вредноста на кожата, што доведува до оштетување на горниот слој на кожата, а ова пак, доведува до создавање одлична подлога за собирање на бактерии, создавање на црвенило на кожата, нејзино печење и чешање.

naturallivingideas.com
naturallivingideas.com

Алкохол. ако сте мислеле дека алкохолот е идеален за Вашето масно лице, сте се лажеле. Алкохолот е премногу агресивен за било кој тип на кожа на лицето. Чистењето на лицето со алкохол, може да предизвика отстранување на есенцијалните липиди, масти и протеини, кои всушност го штитат заштитниот слој на кожата. Кога тие ќе бидат отстранети, кожата станува подложна на бактерии, иритации и инфекции.

 

Е.С.

 

photo1/ netdoctor.co.uk

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.