Водич за совршени веѓи

Токму поради тоа што обликот на веѓите може да го промени Вашиот целокупен изглед, тие треба да бидат убаво обликувани. За да ги одржувате вакви веѓите, Ви нудиме неколку корисни совети, кои се надеваме дека ќе се водите според нив и ќе ги прифатите.

Дебелина на веѓи. Дебелината на веѓите најмногу зависи од цртите на Вашето лице и од тоа колку сакате да го истакнете погледот. Најдобро е да се водите според природната дебелина на веѓите. Исто така, многу е важно да внимавате на тоа, доколку имате високо чело треба да имате дебели веѓи, а доколку имате ниско чело, визуелно ќе го зголемите со потенки веѓи.

teenage.com.sg
teenage.com.sg

Облик на веѓи. Кај обликот на веѓите треба да се водите според 3 точки и тоа: почеток на веѓите, лак и завршеток на веѓите. За да ги обликувате, можете да се послужите со обично моливче за очи или веѓи.

Потполнување на веѓи. Потполнувањето на веѓите е всушност боење на веѓите на критичните места каде тие се проретчени. Веѓите можете да ги обоите со моливче за веѓи со четкичка или со сенка за веѓи. Сенката за веѓи секогаш треба да биде за некоја нијанса посветла од природната боја на Вашата коса или пак, доколку сте русокоса, сенката треба да биде потемна. Завршете со нанесување коректор околу веѓите за да ги нагласите веѓите и да ги отстраните евентуалните грешки при нивното боење.

3

Одржување на веѓи. Секако дека веѓите треба постојано да Ви се средени. Секогаш, пред да започнете со чупање, исчешлајте ги нагоре, па во насоката кон која растат. Оние влакненца кои се на страна од линијата на веѓите, исчупајте ги, но внимавајте да не ја изгубите линијата на веѓите. Предолгите влакненца на почетокот на веѓите, потшишајте ги со ножички. Одалечете се од огледалото, за да имате целосна слика од Ваштео лице и изгледот на обликуваните трепки.

 

Е.С.

 

photo1/ beautyheaven.com.au

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.