Топло „smoothie“ од калинка и јаболки

Во студените утра Ви препорачуваме да се напиете топло smoothie, кое ќе послужи како освежувачки појадок.

vegrecipesofindia.com
vegrecipesofindia.com

Потребни состојки:

1 калинка – исчистена

1 јаболко

1 кафена лажица чиа семе

1 кесичка зелен чај

jessicagavin.com
jessicagavin.com

Начин на подготовка:

Калинката, јаболкото и чиа семето ставете ги во блендер и со минимално количество вода изблендирајте. Во меѓувреме подгответе го чајот. Не се препорачува сипување на чајот во блендерот, освен ако тој тоа го дозволува. Доколку е стаклен, топлината може да предизвика пукање на стаклото. Содржината од блендерот во посебен сад измешајте ја со чајот. Сипете во две чаши и декорирајте со зрна калинка. Сервирајте топло.

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ kitchensanctuary.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.