Јапонски палачинки

Веќе познати нѝ се нашите стандардни палачинки, како и америчките, но пробајте да подготвите уште подебели јапонски палачинки. Веруваме дека немате пробано помеки палачинки.

chopstickchronicles.com
chopstickchronicles.com

Потребни состојки:

2 јајца

170 гр матеница

60 гр брашно

50 гр шеќер

1 кафена лажица пециво

¼ кафена лажица сода бикарбона

¼ кафена лажица сол

½ кафена лажица ванилин шеќер или екстракт од ванила

2 супени лажици растопено масло

chopstickchronicles.com
chopstickchronicles.com

Начин на подготовка:

Матеница. Поради тоа што на нашите простори многу е мала веројатноста да најдете матеница на пазарот, дома можете да ја подготвите брзо и лесно. Во 2,5 дцл млеко додадете 1 супена лажица лимонов сок или алкохолен оцет, промешајте и оставете да отстои 10 минути. Потоа, промешајте уште еднаш и матеницата можете да ја употребувате.

Во длабок сад се мешаат сите состојки додека не се добие густа и соединета смеса.

Тавчето за палачинки се премачкува со танок слој масло и се става метален округол калап, премачкан од внатрешната страна со масло.

Калапот се полни до половина со смесата и се остава да се пече 4 минути на средна температура. Превртете ја палачинката на другата страна и печете уште 2-3 минути.

Истата постапка се прави со останатата смеса.

Сервирајте по 3 палачинки во една порција, прелијте со јаворов сируп и декорирајте со свежо овошје.

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ kirbiecravings.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.