Водич за мажи: Совршен изглед во одело

Претходно пишувавме за совршен изглед во кошула, но колку тој би бил совршен ако не се надополнува со изгледот во оделото кое го носите?

Прочитајте ги советите на што всушност треба да внимавате при купување на ново одело, за истото да Ви овозможи совршен изглед:

2-2

Рамена. Никој не купува сако кое е тесно во рамената, но голем број мажи купуваат сако кое е големо во рамената. Но, дефинитивно и тоа не е во ред. Најдете си сако во кое потполникте на рамената ќе Ви бидат во линија со рацете. Во големото сако Вашето тело нема да изгледа сразмерно.

Заден дел на панталоните. Задниот дел на панталоните во никој случај не смее да биде ниту многу тесен, ниту многу широк. За подобро да видите како Ви стојат панталоните при купување, соблечете го оделото.

Копчиња на сакото. Доколку имате атлетски градено тело, значи Вашето тело има изглед на песочен часовник. Мажите со вакво тело најчесто имаат проблем при купување на сако, бидејќи горниот дел на трупот им е поширок од долниот. Доколку купите сако кое ќе Ви одговара во половината, тогаш ќе Ви биде тесно кај градите. Но, доколку купите сако кое ќе Ви одговара кај градите, тогаш во долниот дел од трупот, сакото ќе Ви биде многу широко. Затоа, Ве советуваме да си изработите сако по Ваша мерка.

3-3

Должина на ракавите. Кога носите кошула, должината на ракавите треба да открива само 1 до 1,5 см од манжетните на кошулата. Во никој случај ракавите на сакото не треба да бидат покуси или подолги.

Должина на сакото. При пробување на сакото, олабавете ги рацете надолу. Должината на сакото треба да биде до зглобот на палецот. Задниот тел на сакото треба да достигне должина до онаму каде што завршува заоблувањето на задникот. Доколку имате понизок раст, можете да купите сако кое е сосема малку пократко. Тоа ќе Ви овозможи визуелно повисок изглед, или доколку имате висок раст, купете сако кое е подолго.

Должина на ногавиците. Многу мажи носат панталони со вишок материјал врз кондурите. Тоа воопшто не изгледа „стилски“. „Стилски“ изгледаат кусите панталони, над глуждови, но само во „кежуал“ варијанта. Доколку сакате да постигнете совршен изглед во одело, точните панталони треба да имаат фино прекршување на предниот дел на ногавиците.

4-4

Крагна/јака. Во пределот на рамената, веднаш под јаката, никако не смеете да имате премногу материјал. Ако имате, оделото Ви е големо и треба да пробате помало. Оделото ќе Ви биде премало доколку јаката не е исправена и согласна со јаката на кошулата, туку се одделува кон назад.

5-5

Предел на копчиња. Пробајте да видите како ќе Ви стои сакото закопчано. Доколку материјалот Ви се растегне во форма на буквата „Х“ кај копчето, не го купувајте сакото, затоа што Ви е мало. Сакото треба да биде рамно во пределот на копчињата.

Ракави. Колку е поширок делот кај рамената, односно потполнките, толку поширок ќе биде горниот дел на ракавите. Важно е и Вашето држење на телото за добар изглед на ракавите.

Рамена. Нерамнините на потполнките на рамената можат да значат или низок квалитет на изработката на сакото или сакото не е соодветно за Вашите рамена, бидејќи сите мажи имаат различни рамена.

 

Е.С.

 

photos/ theidleman.com, realmenrealstyle.com

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.