8 совети за супер негуван изглед на брадата

Доколку се решите да ја растете брадата, овие 8 совети ќе Ви помогнат во растење на совршено негувана брада.

Бидете трпеливи. Кога ќе започнете да ја растете брадата, воздржете се од потребата да ја потстрижувате или стилизирате. Оставете ја да расте од 4 до 6 недели без корекции. Ова ќе овозможи сите влакна да пораснат, бидејќи некои влакна растат побрзо од другите, а со тоа подоцна ќе можете да го одберете стилот и должината кој ќе Ви одговара.

Брадата според обликот на лицето. Брадата треба да одговара на обликот на Вашето лице. Во првиот месец од растењето на брадата, разгледајте ги опциите за стилизирање на брадата кои Ви се нудат според обликот на лицето. Ем Вие ќе се чувствувате подобро и позадоволно од резултатот, ем брадата ќе Ви прилега одлично.

thefederalist.com
thefederalist.com

Потстрижување на брадата. Потстрижувањето на брадата е најважно, дури и ако сакате да ја израснете брадата долга. Инвестирајте во квалитетен тример и пронајдете ја соодветната техника за потстрижување која ќе даде најдобар резултат.

Правилно миење. Миењето на брадата е многу важно, особено во првиот месец, бидејќи трошките од храна кои навлегуваат меѓу влакната или сувата кожа и мртвите клетки, можат да предизвикаат чешање и иритација. Важно е брадата да ја миете со специјален шампон за брада, а при нејзино сушење, послужете се со мек пешкир. Не ја тријте брадата од пешкирот, бидејќи тоа може да предизвика распукани врвови и виткање на влакната во несакани насоки.

Масло за брада. Кога избирате масло за брадата, не е важно кој мажествен мирис ќе го одберете, туку важно е тоа масло да Ви овозможи помека и посјајна брада.

mensjournal.com
mensjournal.com

„Тренирајте“ ја брадата. При растењето на брадата важно е да можете да ги „истренирате“ влакната да растат во една иста насока. Тоа можете да го постигнете со секојдневно нејзино чешлање со специјална четка за брада.

Мустаќи. Кога ќе ја растете брадата, никако не заборавајте на мустаќите. За нејзин целосен изглед, оставете ги и мустаќите да пораснат. Секако, одржувајте ја нивната должина со тример или пар ножички. Потстрижувајте ги кај пределот на носот и над горната усна.

Исхрана. Брадата се состои од протеини и масти, но ги содржи и витамините Б3, Б5 и Б9. Тоа значи дека доколку сакате здрава и сјајна брада, хранете се со месо, млеко, јајца, особено жолчки од јајца, зелен зеленчук и јаткасти плодови.

 

Е.С.

 

photo1/ beardedmankind.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.