Направете пакетче од книги по Ваш избор

САМИ НАПРАВЕТЕ ПАКЕТЧЕ ОД ОМИЛЕНИТЕ КНИГИ

ЗА СЕБЕ ИЛИ ЗА НАЈБЛИСКИТЕ

 

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со особено задоволство најавува голема предновогодишна забава и попусти што се веќе започнати, а ќе траат до 14 јануари следната година. Под мотото „Сами направете пакетче за себе и за најблиските!“, „Антолог“ приреди многубројни изненадувања за да им ги разубави овие празнични денови на своите читатели.

„Новогодишните и божиќните празници се идеален повод за да се подари книга и затоа ние оваа година сакаме на читателите да им овозможиме сами да си ги направат новогодишните пакетчиња, односно сами да си ги одберат омилените книги во наше издание, а ние ќе ги спакуваме во новогодишно руво и ќе им дадеме празничен попуст“, велат од „Антолог“.

Така, секој купувач во книжарниците на „Антолог“ за време на овој најубав период од годината ќе добие:

  • за пакет од 2 книги – 10% попуст;
  • за пакет од 3 книги – 20% попуст;
  • за пакет од 4 или повеќе книги – 30% попуст.

 

Акцијата важи само во двете книжарници на „Антолог“ – во Центар (ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31) и во Дебар Маало (ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29), а ги опфаќа сите книги во издание на „Антолог“, освен книгите на Ана Бучевиќ.

 

Предновогодишни забави со македонски писатели и поети

Во текот на месецот декември, покрај попустите, „Антолог“ организира и настани со најактуелните македонски писатели и поети во книжарницата „Антолог“ на ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31. Целта е на читателите да им се даде можност одблиску да се запознаат и да се дружат со своите омилени писатели, а истовремено, во овој период на предновогодишни забави што се случуваат на секој чекор, да уживаат во малку поинакви настани од вообичаените, секако збогатени со најубавите книги.

 

Така, предновогодишната агенда во книжарницата „Антолог“ овој месец ги вклучува: Игор Станојоски, Ѓоко Здравески, Снежана Стојчевска, Дарко Ангеловски, Драгана Евтимова и Владимир Лукаш, Моника Трајковска, Бојана Дојчиновска, Исток Улчар, Наташа Сарџоска, Валентин Петрески и други.

 

Изненадување за секоја дама

На 1 декември во книжарниците на „Антолог“ започна и една друга акција, која им е посветена пред сè на припадничките на поубавиот пол.

Имено, со секој купен примерок од „Книга подарок за посебна дама како тебе“ читателите ќе добијат подарок балсам за усни „сензилис“ со вкус на јагода и 20% попуст на оваа книга.

Акцијата трае од 1 до 31 декември, а количините се ограничени.

Подарок ваучери за вашите сакани

Од овој месец „Антолог“ воведува уште една новост во своите книжарници – подарок ваучери. Имено, доколку за новогодишните празници сакате некому да му подарите книги, но не знаете дали ќе го погодите неговиот вкус, ова е одлична можност за вас. Подарете му ваучер и тој ќе може сам да си го направи својот избор на книги.

„Ваучерот е знак на внимание, а книгата е најубав подарок. Уживајте во моментот бидејќи имате драги луѓе што својата љубов ја искажале со ваков прекрасен дар!“, додаваат од „Антолог“.

Избор за најкреативна фотографија со хаштаг #антологџии

 

Традиционално и оваа година „Антолог“ избира најубава фотографија со божиќна или новогодишна тематика. Во овој конкурс учествуваат сите што на друштвените мрежи ќе споделат креативни фотографии со книгите на „Антолог“ користејќи го хаштагот #антологџии и/ли #антологџики, а победничката фотографија ќе добие награда од „Антолог“. Притоа, предвид ќе бидат земени само јавните фотографии, односно фотографиите објавени од јавни профили.

 

Настани и саеми

 

„Антолог“ ќе земе учество и на саемите што ќе се одржуваат во „Сити мол“ (20-24 декември) и во ГТЦ (25-30 декември) во организација на Македонската агенција на издавачи, како и на фестивалот „АртАреа“ во „Кино Култура (22-24 декември) во организација на „Бегемот“, каде што книгите ќе се продаваат по специјални празнични попусти.

Разубавете им ги претстојните празници на своите блиски со оригинален подарок од „Антолог“

 

Добре дојдовте во светот на книгите, добре дојдовте во „Антолог“!

 

Следете нè на:

Facebook

 

Twitter

@Antolog_Books

 

Instagram

antolog_books

 

Youtube
https://www.youtube.com/channel/UCPMeZZYy8_NAAGJ4bUR3OeA

 

 

За „Антолог“

АНТОЛОГ – Скопје е книгоиздателство првпат основано на 7 јули 1999 година, од страна на македонскиот писател Александар Кујунџиски. Овој датум истовремено e формален почеток на една дамнешна бизнис-идеја, но и продолжение на една долга и разновидна уметничка традиција. Сè до 1903 година, во семејното стебло на Кујунџиски се впишани неколку генерации златари-кујунџии, чии филигрански ракоделија денес се втопени во морето на креативниот гениј на македонскиот народ. Хуморот, сликарството, актерството, уметничката фотографија, исто така, се дел од меморијата и оставината на Кујунџиски. Но, Зборот е оној што отсекогаш бил наша првична и основна инспирација. Зборот преточен во книжевност, belles-lettres

Повеќе информации: www.antolog.mk

 

Контакт „Aнтолог“
Кристина Велевска

ПР
e-mail: kristina@antolog.mk