Smoothie со кивано и јаболки

Киваното или бодликавата диња изгледа токму како и името кое го има. Кога е зрело, кората има темно зелена или портокалова боја. Има вкус на краставица, киви и диња истовремено. Киваното е одличен антиоксидант, богат со железо, влакна и витамин Ц, помага при варењето на хараната, регулирање на дијабетисот и подобрување на видот. Токму затоа, Ви го претставуваме ова smoothie за убав почеток на денот.

2-1

Потребни состојки:

50 гр јогурт или слатка павлака

1 кивано

1 зелено јаболко

1 краставица

½ супена лажица рендана кора од портокал

½ кафена лажица ѓумбир во прав

3 супени лажици мед

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. По потреба додадете и неколку коцки мраз. Содржината сипете ја во 2 чаши и декорирајте со тркалце краставица.

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ kaluhiskitchen.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.