Smoothie со агаве сируп и путер од кикирики

Агава сирупот во комбинација со путерот од кикирики, млекото од бадем и останатите состојки, ќе Ви го направат зимското утро совршено за будење и започнување на денот. Ви предлагаме уште веднаш да си го подготвите!

apnafoodtv.com
apnafoodtv.com

Потребни состојки:

1 дцл бадемово млеко

1 супена лажица агава сируп

1 банана

½ круша

1 супена лажица путер од кикирирки

1 кафена лажица кокос

3 урми

1 супена лажица мака во прав

½ кафена лажица цимет

Неколку коцки мраз

pinterest.com
pinterest.com

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Содржината сипете ја во две чаши и декорирајте со цимет и парче банана.

 

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ nadialim.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.