Приказната за сината планета

Приказната за сината планета

Автор: Андри Снаер Магнасон

Бојан и Хана се најдобри пријатели што живеат на остров на една прекрасна сина планета каде што живеат само деца, без возрасни, секој е најдобар пријател со секој друг и секој ден е повозбудлив од вчерашниот. Нивните животи се едноставни и радосни сè додека, еден ден, вселенски брод управуван од возрасен со чуден изглед по име Веселко Ведарденовски не се сруши на плажата.

Ведарденовски им ветува на децата дека ќе им ги направи животите стопати повозбудливи во замена за само капка од нивната младост и ги попрскува со магичен летачки прашок што се активира на сонце – тој дури и ќе го прикова сонцето за небото само за децата да можат да летаат по цел ден и цела ноќ. Децата се толку понесени од своите нови игри што ќе ги изумат сите игри во кои порано уживале.

Во текот на големиот летачки натпревар на Ведарденовски, Хана и Бојан лебдат на другата страна од планетата, каде што откриваат дека цело време е темно, а децата се болникави и бледи. Тие знаат дека мораат да ги спасат бледите деца, но прво мораат да се вратат на островот и да ги убедат своите пријатели дека Веселко Ведарденовски не е таков каков што се претставува.

Оваа фантастична авантура, преубаво раскажана, се развива како навидум едноставна сказна. Приказната за сината планета ќе ги израдува и ќе ги предизвика читателите од секоја возраст.

slika-2

Издавач: Антолог

*Книжевен центар Антолог ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок.1
*Книжарница Антолог ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31 лок.1 Скопје

+389 78 290 745
www.antolog.mk

Fb/Книжевен центар АНТОЛОГ

 

Купете online

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.