Ослободете се од црвенилото на лицето

На прагот сме на пролетта, но поладните вечери сеуште не не напуштаат. Кога температурите се пониски, лицето и носот веднаш поцрвенуваат, а очните капаци отекуваат.

Овој изглед не само што не е привлечен, туку и иритираната кожа станува затегната и доведува до непријатна болка. За да се изборите со тоа, ви препорачуваме да направите маска од природни состојки, која ќе ја смири кожата и ќе ја направи отпорна на ладно.

GLAVNA-SLIKA

Во еден сад изрендајте 100г. кисели јаболка и измешајте ги со 2дл. млеко. Варете ја смесата додека не зоврие. Откако малку ќе се олади, додадете 2 жолчки од јајце и добро промешајте. Маската ставете ја на лицето и на вратот околу 20 мин. Исплакнете со млака вода. Црвенилото набрзо ќе се изгуби, а кожата ќе ви стане нежно свиленкаста.

Доколку времето е доста поладно, овој третман правете го 3 пати во неделата. Кога нема ниски температури и ладен ветер, доволно е и еднаш во 10 дена.

 

Е.С.

насловна/слика2: organicauthority.com/thefitindian.com