3 работи кои можеби не ги знаете за карминот

Карминот за усни е многу значаен за женската самодоверба, но во исто време тој претставува и потенцијална опасност за телото. Ова се неколку работи кои можеби до сега никој не Ви ги кажал во врска со карминот за усни.

slika-2

Содржат хемикалии. Секако дека тука не станува збор за сите кармини, но голем дел од нив содржат толкава количина на хемикалии која е загрижувачка. Овие хемикалии можат да бидат отровни што предизвикуваат проблеми со растот, развојот, интелигенцијата и репродукцијата во најлош случај. Други видови на хемикалии пак, можат да предизвикаат здравствени проблеми.. Затоа, Ве советуваме секогаш да внимавате на составот и секогаш темелно бришење на карминот од усните.

Содржат олово. Некои кармини освен што содржат хемикалии, можат да содржат и олово. Оловото е токсичен метал кој може да предизвика проблеми со нервниот систем. Секогаш при избор на кармин, Ве советуваме да се одлучите за кармини изработени од природни состојки.

SLIKA-3

Ја сушат усната. Можеби нанесувањето на кармин и не е баш најдобра идеја доколку имате сува кожа, особено во зимскиот период. Хемикалиите кои се содржани во карминот можат да ја извлечат и онаа мала количина влага од осетливите усни. Така, по неговата употреба, усните ќе Ви станат суви и испукани. Тоа, секако, е многу болно, а при такви пукнатини можат да се појават и иритации и инфекции. Затоа, пронајдете кармин кој ќе ги негува Вашите усни, а не само кармин кој ќе Ви прилега убаво.

 

Е.С.

 

photos/ pinterest.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.